Колку чини да ти дојде брза помош

Пресметката е направена за брза помош во САД, ама уште од старт да ви кажеме дека нема некоја конечна цена бидејќи сумата има многу варијабли кои ја менуваат цената. Ама ако претпоставиме дека ви се слошило во Монтереј Каунти, Калифорнија, доаѓањето на амбулантна кола ќе ве чини 2.206 долари.

Освен што зависи во која околија ќе ве снајде несреќа, на сумата влијае и тоа колкаво медицинско осигурување имате, дали болницата во која што ќе завршите има договор со вашиот осигурител и што се' ќе треба да се употреби за вие да стигнете живи до болницата.

Дел од градовите, како Лос Анџелес на пример, имаaт одредено максимум што може да се наплати за користење на брза помош. Па така возило што обезбедува основна поддршка за живот (BLS) може да чини максимум 1.033 долари, а возило со напредна поддршка за живот (ALS) достига до 1.444 долари.

Во Сан Франциско, поскапо ќе те чини прва помош да ти дадат пожарникарите (1.642 долари), отколку некои од приватните компании (мин. 980 долари).

Според извештајот на оваа тема од 2012-та, просечната цена на амбулантна кола низ САД се движела од 224 до 2204 долари.

10 декември 2013 - 18:27