Кој милионер сака да биде амал?

Рускиот мултимилијардер и медиумски могул Александар Лебедев, со огромна заинтересираност од медиумите го започна своето аргатување на кое е казнет заради познатиот инцидент во едно тв шоу.

Лебедев избегна затвор но затоа беше казнет со 150 часови општествено корисна работа заради тепачка во тв студио во 2011-та година кога физички го нападна милионерот Сергеј Полонски.

53 годишниот сопственик на британскиот Иnдипендент е упатен во едно џенем село со име Максим Горки, каде што треба да прави детско игралиште. Неговото присилно работно место се наоѓа во близина на огромна фарма која тој ја поседува.

Александар Лебедев, кога покажуваше колку е јак.

 Александар Лебедев, кога државата реши да му верува дека е јак:

 

28 ноември 2013 - 11:22