Ќе го менуваме ли француското со израелско знаме на Фејсбук?

Не, ни авторката на следниот текст не го бара тоа. Само сака да сврти внимание на она што кај нив го сметаме за "добро утро". И така секој ден за некого во некое парче на овој свет отиден фино лепо у курац.

Пет луѓе денес беа убиени во неколку напади во Тел Авив и Гуш Ецион. Тројца Израелци. Еден Американец. Еден Палестинец.

Двајца од нив излегуваа од молитва, тројца беа на пат кон работа или на враќање дома. Еден од загинатите имаше само 18 години.

Три животи. Отидени.

Не очекувам да ја смените својата профилна слика на Фејсбук со израелското знаме.

Не би барала такво нешто од вас.

(ни јас не го направив тоа)

Но затоа ве замолувам, ако познавате некој од Израел, пуштете му порака "Ок си?"

Бидејќи денеска тие не се ок.

Секоја мајка и секој татко денес е залепен на телефон. Исто и пријателите, и љубовниците.

"Дали си добро?"

"Кај си?"

"На сигурно ли си?"

"ЗОШТО НЕ ОДГОВАРАШ????"

... и колку за нас е полесно сега да го одбереме стравот наместо надежта бидејќи ги имаме сите причини да бидеме уплашени.

Во моментов ни изгледа полесно да отидеме до темен ќош каде што што ќе чувствуваме дека никому во светов не му е гајле.

Затоа ве молам - ако слушате - кажете ни дека ви е гајле.

Кажете ни дека за вас е неприфатливо да се убиваат невини луѓе.

Вистина е дека теророт не се случува во вакуум. Не се случува.

Но истото важи и за нашите избрани политичари кои страхуваат за својот комодитет и ги прават работите бетер кога ни викаат дека сме сами на светот. А им веруваме затоа што навистина сме уплашени и се чувствуваме осамени па го одбираме стравот наместо надежта и така работите стануваат полоши.

Затоа нам ни е важно да знаеме дека не сме сами - дека слушате. Дека и нашите животи вредат.

Ве молам - побарајте нè дури и ако не се согласувате со нашата Влада - кажете ни дека нè гледате и дека ова и вас ве допира и дека не сме сами.

Кажете ни дека и нашите животи нешто вредат.

А потоа можеби ќе бидеме доволно храбри да побараме промени.

Сара Татл - Сингер, The Times of Israel

20 ноември 2015 - 10:19