Бризи Џонсон ги обедини светското и олимписко злато откако славеше неверојатна победа со само четири стотинки предност во однос на фантастичната Германка Ема Ајхер.
Веднаш после доделувањето на медалот Американката на прес конференција дошла со медалот во џеб затоа што на подиумот додека славела и скокала од радост ја оштетила медалата на три дела.
„Немој да скокаш со медалот“, и рекла Џонсон на Ајхер и објаснила:
„Еве го медалот, еве ја и лентата. И еве го ова делче кое го поврзува медалот со лентата но отпадна“.
Слично нешто му се случило и на бијатлонецот Јустус Штрелов од Германија кој освоил бронзен медал во мешана штафета.
Ова е инаку прво злато за САД на Зимските олимписки игри. Бризи Џонсон скијаше сјајно. Таа претходно во 2018-та во Пјонгчанг беше седма во спуст а потоа ги пропушти Игрите 2022 во Пекинг поради повреда.
Следната трка, во комбинација е закажана за вторник во Кортина.
Ѓоковиќ следеше уметничко лизгање и се држеше за глава во шок