Ѓоковиќ следеше уметничко лизгање и се држеше за глава во шок

Новак Ѓоковиќ е една од бројните ѕвезди кои во живо ги следат Олимписките игри во Милано и Кортина. Ноле во неделата го следел тимското натпреварување во уметничко лизгање. Во решавачката битка за злато имаше голема судиска неправда откако 17-годишниот Илија Малинин кој настапува за САД не блескаше ниту во кратката ниту во слободната програма во тимско натпреварување и имаше неколку киксови но судиите му дале одлична оцена 200.03.

Во меѓувреме Јапонецот Шун Јато лизгаше без никаква грешка, практично совршено, но судиите му дадоа оцена 194.86 после што златото отиде кај САД.

Новак Ѓоковиќ беше импресиониран од потезите:

На конечната табела после три дена уметничко лизгање САД завршија први со 69 бода со само 1 бод пред Јапонија која имаше 68 а бронзен медал освои домаќинот Италија со 60 бода. Овој формат и систем на бодување на мешани, комбинирани настапи на Олимписки Игри во уметничко лизгање беше претставен во 2014-та. 

9 февруари 2026 - 09:49