Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп: Бед Бани на Супербоул беше шамар за Америка

9 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Апсолутно ужасно“ гласеше рецензијата на американскиот претседател за настапот на полувремето на овогодинешното финале на американскиот фудбал на порториканскиот музичар кој зборува исклучиво шпански. 
  • „Никој ни збор не разбира што кажува овој човек, а танцувањето беше одвратно, особено за малите деца што гледаат од САД и од целиот свет“, пиша Трамп на својата мрежа, мислејќи на тоа што танчерките тверкаа а главниот јунак знаеше да се заџапа за меѓуножје (мислиш Мајкл Џексон за јајца го фатил). 

  • „Немаше никаква логика, беше навреда за грандиозноста на Америка и не ги претставува нашите стандарди за успех, креативност или извонредност“, пиша големиот естета. 

  • Бед Бани, чие вистинско име е Бенито Антонио Мартинез Оказио во еден момент извика „Господ да ја благослови Америка“, но потоа прецизираше што подразбира под тоа, редејќи ги поименично сите држави од Јужна и Северна Америка. 

  • Музиката на Бед Бани - за нас, нормално - е бљак, но настапот, концептот и сè останато беше спектакуларен.  Можете да го видите  - ОВДЕ.

  • Истовремено беше организирано и алтернативно „патриотско“ Супербоул полувреме, со Кид Рок како хедлајнер. Сега го ругаат дека само отворал уста на матрица.
  • Ова полувреме организирано во чест на убиениот Чарли Кирк успеа да собере пет милиони гледачи, главно од оние кои беа револтирани од изборот на Бед Бани. Официјалниот настан имаше 130 милиони гледачи.

 

 

извор

Марта Кос жали што била изведена „српска националистичка песна за Косово“

16 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Еврокомесарката за проширување Марта Кос изрази жалење за изборот на песната што ја изведоа музичарите на концертот со кој се отвори годишниот Форум на Европската унија за проширување во Брисел, нагласувајќи дека таа на никаков начин не ги одразува ставовите на Европската комисија.

  • На концертот „Мелодии на единство: Хармони од европските крстопати“, била претставена музика од земјите од регионот. За Косово беше избрана песната „Ој Косово, Косово“, позната и по воведните стихови „Од Косово зората се раѓа“.

  • Песната таму била изведена инструментално, без текст.

  • Главниот преговарач на Приштина во дијалогот со Србија, косовскиот амбасадор во Белгија, Агрон Бајрами, жестоко го осуди изведувањето на песната оценувајќи дека таа промовира територијални претензии. Бајрами побара итно објаснување од Европската комисија и комесарката Марта Кос.

  • „Песната не претставува „територијално барање“, туку е дел од повеќевековна народна и епска традиција. Косовскиот циклус песни настанал по Косовската битка во 1389 година а во 19 век го забележал Вук Караџиќ. Ако песната за сопствената историја се смета за „иредентизам“, тогаш би морало да се забрани половина од фолклорното наследство на Европа,“ пишува корисник на Икс.

 

извор

Cineplexx се простува од Иван Хиниќ

16 ноември 2026
  • Share
  • Post
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Кој ќе го замени Перо??

Македонски рулет
4

Цена на злото

Балканштина
5

После победата доаѓаат прашања

Мешано
6

Од животот на еден тезгарош

Балканштина
7

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

8

Во потрага по ново „шуто и рогато“

Македонски рулет
1

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

4

Сенатор: Убавината е да им плаќаме на Украинците да убиваат Руси

5

Јакуза изгуби битка со јапонската бирократија

Занимливости
6

Рубио го истера Хуанг подалеку од Трамп

Свет
7

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

8

Хаг ја запре истрагата за американски злосторства во Авганистан

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Заслужен одговор

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Балканштина

Потопување Мисици

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Комисиски упатства за лекторирање

Черно му било пишано

Пазарџиски виц на денот

Несуден режисер од Куманово

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy