Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Ноам Чомски се извини што шурувал со Епстин

9 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Ноам Чомски и неговата сопруга Валерија на долго и широко јавно се извинија за нивните контакти со Џефри Епстин кои продолжиле и откако тој во 2008-ма година беше осуден за поттикнување малолетничка проституција. 
  • Направиле „трагична грешка“ и биле „невнимателни“ што недоволно ја испитале позадината на нивниот пријател со што отвориле врата за „тројански коњ.“ А биле и манипулирани од него (оти деца).
  • Објавените фајлови откриваат дека денес 97 годишниот лингвист и филозоф му давал на Епстин медиумски совети као да се справи со медиумските напади врз него откако беше осуден. 
  • Притоа, таквите напади во меил до него  ги оцени како „хистерични“ и го советуваше да ги игнорира освен ако не е директно прозван.
  • На една покана на Епстин тој и сопругата да го посетат, стариот му пишува дека Валерија го обожава Њујорк ама дека тој „фантазира за Карибите.“ Да, на Карибите се наоѓа озлогласениот остров на контроверзно и уште поконтроверзно замолчениот Џефри Епстин. 
  • Очекувано, многумина се разочарани од човекот на кого често се гледаше како на морална вертикала и неспорен и интелектуален интегритет. 
  • Меѓу нив е и Крис Хеџис кој напиша: 

„Го познавам и долго време му се восхитувам на Ноам. Тој е веројатно нашиот најголем и најпринципиелен интелектуалец. Можам да ве уверам дека не е толку пасивен или наивен како што тврди неговата сопруга. Тој знаел за злоупотребата на децата од страна на Епстин.  Сите тие знаеле. И како и на останатите од неговата орбита, не му било гајле. Од е-поштата меѓу Епстин и Валерија се чини дека таа особено уживала во привилегиите што доаѓале со тоа што била во кругот, но тоа не ја поништува согласноста на Ноам. Ноам, од сите луѓе, ја знае предаторската природа на владејачката класа и суровоста на капиталистите, каде што ранливите, особено девојчињата и жените, се објекти што треба да се користат и експлоатираат. Тој не бил измамен од Епстин. Тој бил заведен. Неговата поврзаност со Епстин е ужасна и за многумина, непростлива дамка. Таа непоправливо го оцрнува неговото наследство.“

извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Почина цајканот од сељаците

Музика
2

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
3

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
4

Готово, Мексико го освои Светското

Навивачи
5

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина
6

Реал не чека многу, го зема најдобриот тренер во Европа сезонава

7

Важна информација за битолчани

8

Португалија ја исфрли Хрватска во 94-та, драма со ВАР во 90+13

Фудбал
1

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
2

Важна информација за битолчани

3

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

4

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Разно
5

Европски аеродроми и авиокомпании бараат суспензија на системот за влез/излез

6

Папата прогласи 600.000 верници за расколници

7

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

8

Македонија се фали колку пари двоела за НАТО

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Македонштина

Карпош, чекате ова да се сруши врз деца???

Македонштина

Некој да ни го објасни овој магијски ритуал

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Тоа е само работа, не мора да запнувате

Каде се, што прават?

Каде е, што прави?

Каков Кенеди, таква Мерлин Монро

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy