25 тони биле најдени во бродски контејнери во пристаништето во Хамбург, 8 тони во пристаништето во холандски Ротердам а три тони од пратката останале во Колумбија.
Уапсените се на возраст од 30 до 54 години и се работи за прилично инклузивно друштво: има Германци, Азербејџанци, Бугари, Турци, Мароканци и Украинци.
Дрогата била скриена меѓу пратки со храна (како се кријат 35 тони бе?) а германски обвинител од Дизелдорф кажа дека германски граѓанин од Северна Рајна - Вестфалија конструирал мрежа од стотина компании за транспорот да изгледа легален.
Оценка на властите е дека ова е сериозен удар на меѓународната трговија со дрога.