До сега тутунски компании платија над 100 милијарди од вкупно 246 милијарди долари кои треба да ги исплатат во рок до 25 години.
Мисисипи беше една од сојузните држави кој прва се крена против тутунските компании па уште во 1994-та побара оштета од нив по основа дека таа не треба да биде одговорна за плаќање на лекувањето и последиците од пушењето цигари, туку дека парите треба да дојдат од самите производители.
Откако го добива спорот, Мисисипи одлучува сите пари од спогодбата да ги стави во фонд кој ќе служи за програми за намалување на пушењето и здравствена заштита. Сепак, цело ова време, речиси сите пари од спогодбата се трошат на други работи.
"Додека минуваше времето, законодавците доаѓаа и си заминуваа, гувернерите доаѓаа и си заминуваа... и секој пат кога ќе имавме нов гувернер, тој имаше нова идеја што треба да се прави со фондот од тутунот," објаснува Мајк Мур, јавен обвинител кој во 90-те ја започнува битката против тобако индустријата, а сега е ЦЕО на American Legacy Foundation, групата формирана како резултат на спогодбата.
Според Мур, ситуацијата е слична и во останатите сојузни држави каде стотици милиони долари од спогодбата се потрошени на најразлични работи, само не на јавното здравје и намалување на пушењето.
За да им помогне на сојузните влади, во 2007-ма Центарот за контрола и превенција на болести им препорача на властите да реинвестираат 14% од парите добиени од спогодбата и од акцизите за тутун, на програми против пушење.
Сепак и овој пат најголемиот дел од владите имаа други приоритети: Колорадо потроши десетици милиони од своите пари на програма за зголемување на писменоста, додека Кентаки инвестираше половина од своите пари на земјоделски програми, други со парите поправале улици и шахти или им давале субвенции на тутунарите.