Ја имаме ли првата жртва на вештачката интелигенција?

Свиркач инсајдер од најпопуларната и највредна компанија за вештачка интелигенција на светот е најден мртов во својот стан. Њујорк Тајмс, една од многуте компании кои го тужат ОпенАИ за крадење на нивните авторски дела додека го обучуваат четботот, тврдеше дека тој поседува драгоцени информации и материјали кои ќе го подржат нивниот случај пред федералниот суд.

26 годишниот Сучир Балаџи бил пронајден мртов во неговиот стан, соопшти полицијата во Сан Франциско која претходно добила повик да се отиде и да се провери човекот дали е добар.

Првите сознанија се дека немало знаци на насилна смрт.

Балаџи е поранешен вработен во ОпенАИ во Сан Франциско кој работел на собирање и организирање на огромни количини на интернет податоци што се користат за обука на ЧетГПТ ботот на овој стартап.

Смртта на Балаџи се случува три месеци откако тој јавно го обвини ОпенАи за масовно кршење на американскиот закон за авторски права додека го развива ЧетГПТ.

Јавното објавување на четботот кон крајот на 2022 година поттикна низа тужби против ОпенАИ од автори, компјутерски програмери и новинари, кои велат дека компанијата незаконски го крадела нивниот материјал заштитен со авторски права за да ја обучуваат својата програма и да ја зголемат нејзината вредност над 150 милијарди долари.

Се очекуваше информациите на Балаџи да играат клучна улога во тужбите против компанијата со седиште во Сан Франциско.

Во писмо кое Њујорк Тајмс го упати до федералниот суд на 18 ноември, адвокатите на медиумот го наведоа Балаџи како човек кој има „уникатни и релевантни документи“ кои ќе го поддржат нивниот случај против ОпенАИ.

Тој беше еден од 12-те луѓе - повеќето од нив поранешни или сегашни вработени во ОпенАИ- кои весникот ги наведе во судските поднесоци дека имаат материјал корисен за нивниот случај.

Сега се 11.

*********

Види и:

Дали на OpenAI наскоро ќе биде напишано „Closed“?

Од што сака да се прави паметна, вештачката интелигенција почнува да лаже

Денот кога умре сонот за вештачката интелигенција

15 декември 2024 - 09:32