Изнајми сопруг на час

Понудата би звучела: сите работи што очекуваш сопругот да ги прави низ куќа, без целото мрчење што можеш да го очекуваш. Бонус, во понудата ветуваат "силен млад маж".

Ова е официјална програма претставена од градоначалникот на Москва и важи на ниво на цел град. На официјалниот сајт, исклучиво машкиот сервис се нуди на женската популација на 20 и нешто години:

"Ќе потрошиш цела вечност во трговскиот за да одбереш нова ламба за влезот во станот, која естетски перфектно ќе одговара. Одиш дома, ја отвораш и ја поставуваш на ѕид. Сигурна си дека имаш се што ти треба. Ама ти, како убава жена со заносен маникир што си го правела вчера, не си подготвена за врска со твојата бучна и нескротливо вибрирачка бормашина. Во ваков случај кој ќе ти дојде за да те спаси?

Непоколебливи мажи, сопрузи на час, брзаат кон твојата куќа. Сепак твојата среќа е нивната најголема награда."

И покрај планот многу е поверојатно дека сервисот најголема работа ќе им заврши на вдовиците над 60 години. Статистички бројот на лица над 60 години во земјата се движи околу 20%. Ова треба да се дополни со друга математика која покажува дека просечниот Русин умира на околу 55 години, заради што останува голем број на вдовици на 60 годишна возраст.

Програмата нуди и комплетно бесплатна услуга на жените со ниски примања и на оние со физички хендикеп. За останатите, цената на најевтиниот ангажман е околу 1.000 денари на час.

Ценовникот е:
Местење вц шолја - 1130 денари
Замена на казанче - 770 денари
Замена на цевки од одвод - 720 денари
Местење мијалник - 870 денари
Местење када - 2670 денари
Склопување елементи и мебел е 7 до 10 проценти од нивната цена
Расклопување мебел - од 300 денари
Местење лустер - 1030 денари

7 април 2015 - 16:28