
Едноставно, авионите ги снемало од радарите. И тоа траело цели 25 минути.
Службите признаа дека им се случил ваков инцидент без преседан, но не се знаат причините за исчезнувањето на леталата.
Не се наведува за какави авиони станува збор, но проблемот се случил двапати, на 5-ти и 10-ти јуни, а во двата наврати радарите биле испразнети точно по 25 минути.
Откако австриските служби го признаа ова, и нивните колеги од воздушните контроли на Германија и Чешка соопштија дека имале слични проблеми.