„Таргетирани попречености се оние попречености што федералната влада, како политичко прашање, ги идентификуваше за посебен акцент при регрутирањето и вработувањето“, се наведува на веб-страницата на Агенцијата. „Тие вклучуваат слух, вид, недостаток на екстремитети, делумна парализа, целосна парализа, епилепсија, тешка интелектуална попреченост, психијатриска попреченост и џуџест раст“, пренесува Њујорк Пост.
Иницијативата е дел од планот за вработување „диверзитет и инклузија“ на федералната агенција за авијација, која порачува дека „различноста е составен дел за постигнување на мисијата на ФАА“.
Се работи за владина агенција која е надгледувана од Одделот за транспорт на Пит Бутиџеџ и вработува околу 45.000 луѓе.
И неодамнешното приземјување на Боинзите 737 MAX 9 откако на еден од нив во лет му се откорна вратата, дел од јавноста го толкува како резултат на фаворизирање на политичките и идеолошки критериуми по секоја цена, што оди на штета на стручните критериуми и го прави летањето помалку безбедно.
„Дали би летале со авион во која приоритет има „диверзитетот, едаквоста и инклузивноста“ пред вашата безбедност?,“ праша неодамна на Икс, Илон Маск.
И уште не може да се начуди: