Ѓубрето од 51 милијарда долари

Целата електроника што минатата година е фрлена во ѓубре содржи 11% од златото кое лани е произведено во светот.

Откако ќе се помириме со златото треба да се има предвид дека трошиме 3 милиони тони метали на "мали ИТ" уреди, група во која спаѓаат смартфони, десктоп компјутери, печатачи и додатоци. Процените се дека до 2016-та во светот ќе има вкупно 2 милијарди корисници на смартфони, што значи уште повеќе отпад.

Според Универзитетот на Обединетите нации, вкупната вредност на суровините од кои е изработена електрониката што минатата година завршила на депонија, изнесува 51 милијарда долари. Од оваа сума, рециклираме само околу 15%.

По количина во 2014-та најмногу фрлале Американците, а по глава на жител број еден е Норвешка, со 28 килограми електронски отпад по глава на жител. Африканските држави генерираат 1,7 килограм по глава на жител.

22 април 2015 - 11:47