Феноменално некоректното минато на Британија

Архивот на Лидс потроши неколку месеци на каталогизирање на стотици "карти за регистрација на илегалци" стари повеќе од 100 години. Иако сето тоа е пеколно незабавна чиновничка работа, содржината на овие картички нуди шареноликост од навреди.

Картичките потекнуваат од средината на 19-от век до 1960-та, кога секој странец кој пристигнувал во Британија требало да се пријави во полиција. Пред постоењето на служба за имигранти и слично.

На картичките освен личните податоци за луѓето (име, презиме, година на раѓање, занимање, брачен и семеен статус), полицајците допишувале и своја анализа за имигрантот. Па така меѓу квалификациите има: глупаво сељачиште, вообразен Евреј или неинтелигентен тип.

До сега во архивот ќе бидат објавени само оние картици кои се постари од 100 години, додека останатите ќе останат тајни за да не се наруши приватноста на некои од нивните сопственици.

Инаку добар дел од имигрантите и семејствата кои се преселиле, го имаат променето своето презиме веднаш по пристигнувањето во Британија, за полесно да се вклопат во средината.

13 февруари 2013 - 22:03