Еволуцијата немоќна против џанк фуд

Се што милиони години е впишувано во кодот на штрковите е разбиено од триесетина години изложеност на брза храна, па сега птициве одбиваат да ја прават редовната преселба на југ затоа што се навлечени на отпадоците од џанк фуд.

Некаде од средината на 80-те, се поголем број штркови зимно време не мигрираат од Европа во Африка, и наместо тоа се хранат со ѓубре од брза храна од локалните депонии, кои претставуваат обилен и стабилен извор на храна, заклучуваат истражувачите од Универзитетот Источна Англија.

Нивната студија покажува дека штрковите сега се гнездат околу депониите во текот на целата година, и дека комплетната нивна исхрана се базира на тоа што ќе го најдат на отпадот. Ваквата навика во блиска иднина ќе има "драматично влијание на популацијата на бели штркови" откако ЕУ донесе одлука да се затворат депониите.

Новата директива на ЕУ предвидува депониите постепено да се заменат со нови погони во кои отпадоците од храна ќе се обработуваат на затворено. Проблемот за штрковите е што ова ќе им ги затвори изворите за храна, за кои зимно време немаат алтернатива, што може да биде погубно за нив.

17 март 2016 - 10:31