По неколку години откако се отпишува од порното, таа собира доволно пари за да се запише на училиште за медицинска сестра. Тука почнува со пракса во болница се додека еден анестезиолог не ја препознае и да разгласи низ болницата.
"Сите сакаа да бидам во соба со нив, ама почнаа да ме третираат како гомно. Ме правеа да се чувствувам како да загадувам се наоколу... Си мислам, зошто никој не го праша (анестезиологот) како ме препозна? Ок, јас продавам, ти консумираш. Зошто она што јас го направив е полошо отколку она што ти го направи?" објаснува Гејџ во текстот на Салун.
Гледајќи дека нема иднина, таа си заминува од болницата и од професијата. По ова се обидува и како криминолог и како козметичарка. На ниту едно од овие места не успева да најде работа или да направи кариера.
Сега по 8 години пауза, на 33 години, таа решава дека сепак ќе се врати на порното со филм за Brazzers. Нејзиното објаснување е дека порното не и е "план Б," туку едноставно таа уживала додека била во порно индустријата и и' се допаѓале луѓето со кои работела.
"Напуштив бидејќи сакав да си докажам себе си дека можам да успеам и во други области. И успеав. Ама претпоставувам дека малку подобро успеав во порното," порачува Гејџ.
Интервјуто во кое Гејџ го најавува своето враќање: