Тие решиле работата да не ја тераат преку меѓувладини договори, туку сакаат да го пренесат својот случај директно на потомците на оние кои имале корист од ропството, вклучувајќи го и кралот Чарлс.
На листата „должници“ се и Англиканската црква, лондонскиот Лојд и богатите универзитети, порача претседателот на Националниот комитет за репарации на Гренада.
„Би требало прво да се извини а потоа да понуди некои ресурси од кралското семејство за да добиеме репаративна правда. Не дека ние сакаме тој да се изгладнува себеси и семејството, но не очекуваме ни бакшиш“, порача Арли Гил.
Човекот кој ја води темата за репарации на Сент Винсент рече дека имотот на кралското семејство уште мириса на ропство.
Оваа кампања доби залет откако дописничка на BBC лани реши не само да се извини туку и да донира пари за луѓето од Гренада заради улогата на нејзината фамилија во некогашната трговија со робови. Имале околу 1.000 роба на пет плантажи за шеќер во 17-от и 18-от век.
Кога ропството беше укинато во 1834 година, семејството на Лаура Тревелијан од британската влада добило обештетување заради губење на имотот во колониите во денешна вредност од три милиони фунти.
Робовите не добија ништо.