„Секогаш кога ќе слушнете ЕБИТДА (заработка пред камати, даноци, амортизација и депрецијација) само заменете ја таа кратенка со зборот „булшит“.
Чарли Мангер
На 29 години, жена му се разведува од него, му ја зема куќата, му ги остава децата. Практично останува шворц. Вози некој ужасен жолт Понтијак, кога децата го прашале зошто го вози тој крш, им рекол:
- Да ги обесхрабрам спонзорушите.
Брзо по разводот, дознава дека неговиот син има леукемија. Неизлечива форма. Секој ден одел во посета, потоа лутал по градот и плачел. Една година по дијагностицирањето, Теди починал на 9 години.
На 31 година е разведен, без пари, со погребан син. По некое време, после една операција останува без око. Кога го прашуваат што ќе прави, вика, ќе почнам да учам брајово писмо.
Неколку децении подоцна, влегува во 400-те најбогати луѓе на светот. Во меѓувреме се преженува, има осум деца и безброј внуци.
На неговото последно интервју за CBS го прашуваат има ли некоја неостварена желба од неговата бакет листа. Вика, на времето немало сума која не би ја дал за да улови туна од 100 кила. Ама дека сега е стар за тоа и не каков што бил на - 96 години:
Неговите совети за успех се едноставни: троши помалку одошто заработуваш, инвестирај внимателно, избегнувај токсични луѓе и активности, батали добивање хвалоспеви и никогаш не престанувај да учиш:
Хајлајти од стариот Чарли: