Сумата е три пати поголема од она што компанијата го постигнува во 2012-та, и два пати повеќе од трансакциите во 2013-та. Во прилично општи бројки, се проценува дека сајтот има милиони трговци, кои ги посетуваат стотици милиони купувачи.
Само за "Денот на самците", најголемата распродажба во земјата, во 2015-та се продадени производи во вредност од 12,7 милијарди евра. Во распродажбата учествуваат 40.000 трговци, кои заедно нудат 6 милиони различни производи.
Денот на самците го надмина рекордот за истата распродажба во 2014-та, кога беа продадени производи во вредност од 8,3 милијарди евра. Чисто за перспектива, на Сајбер Мандеј во 2014-та беа продадени производи во вредност од 2,4 милијарди евра.
Објавувајќи ги бројките од завршната сметка, потпретседателот на Алибаба, порачува дека компанијата им овозможила постење на "десетици милиони" мали бизниси, кои егзистираат исклучиво виртуелно. Според негови процени околу 12 илјади кинески рурални занаетчии продаваат на мрежата. Тој не ја сметаа оваа бројка за некој страшен успех, бидејќи има уште 600.000 села во земјата во кои допрва треба да влезат.
Доколку Алибаба напредува со исто темпо, компанијата е на пат да го надмине Вол-Март како најголема трговска мрежа во светот, цел што им е запишана од 2013-та. Годинава Волмарт ја заврши со продажба од 430 милијарди долари, само 8 повеќе од Алибаба.