Според Рик Тарнер, сопственикот на туристичката атракција "Големата Овца," хидрометеоролошкиот завод со "серија претерано песимистички прогнози" и наштетил на туристичката индустрија.
"Мене проблемот ми е со прогнозите на среден период, кои ХМЗ секогаш ги прави претерано песимистички. За време на Празникот на банката во август, се сеќавам дека тие прогнозираа дека цел викенд ќе врне, посебно во недела. Немавме ниту капка дожд и цел ден уживавме во сонцето и синото небо," објаснува Тарнер.
Тој тврди дека не само неговиот бизнис, туку и комплетната туристичка индустрија во југозападна Англија имала загуби заради тоа што туристите биле разубедени од негативните прогнози.
Од ХМЗ одговориле само "Мораме да го кажуваме времето какво што е и тешко дека ќе најдете некој што не е разочаран од годинешното лето."