Мислења

Лагата на ЕУ солидарноста за Украина

ЕУ и формално ја додаде Украина на листата кандидати за членство, ама ако внимателно погледнете под целата помпа ќе видите дека ова е далеку помала работа отколку што Брисел сака да верувате.

Дали сме сигурни дека Америка не е во војна во Украина?

И покрај првичната колебливост (Путин мора / не мора да биде соборен од власт), американската реторика се заострува со тек на време: во март целта на Америка беше Украина да се одбрани себе си; до крајот на април целта беше „ослабена“ Русија. Меѓутоа една конзистентна работа е дека Америка нема да почне војна со Русија за Украина.

Војната во Украина е судир на волји и економска болка, а Западот се замори

Ако ви пречи 5 долари за галон гориво, тогаш помислете како е на 8 долари (колку што е во Италија). Или природниот гас кој во Италија е четири пати поскап отколку во Соединетите држави.

Поглед од Германија: Русија победува

Охрабрувачки звучат повторувањата дека Запад не смее да дозволи Русија да победи во војната но ситуацијата друго кажува: Русија има освоено територија колку Холандија и Белгија заедно, а не ја добива ни глобалната игра со санкциите. „Што поскоро треба да ставиме крај на оваа војна која не ја добиваме“, порачува германски издавач и публицист.

Берни Сандерс: Демократите се на пат јако да изгубат

Според многу сондажи, Републиканците имаат одлични шанси за победа на претстојните ибори во ноември. Главата причина: Демократите со години губат гласови кај белата работничка класа. Сега тоа им се случува и со латино, црните и азијатските работници.

По ѓаволите (алтернативно: до курца) со „Месецот на гордоста“

Прајдот е станат помпезен, гротескен и нетолерантен, пишува еден англиски сценарист кој е геј но не би да драматизира околу тоа. Знамето кое нон стоп се апдејтира, кратенката која постојано добива нови букви, изливи на солидарност од сите страни, сето тоа прави јуни да стане еден од потешките месеци за поднесување, пишува тој. 

Дали Русија победи во војната на односи со јавност?

Војните во странство обично се најпопуларни на почетокот, посебно ако на американската јавност и се рекламирани во морално апсолутни термини, меѓутоа освен ако не се завршат релативно брзо со одлучна победа, јавната поддршка и политички консензус почнуваат да се распаѓаат. И изгледа дека токму ова се случува со војната во Украина.

Прерано е да му одбројувате на Ши

Комбинација од „елити“, „реформатори“, „гневни претприемачи“ плус премиерот Ли Кечијанг е наводниот состав на опозицијата со која се соочува кинескиот претседател и која му ја крои пензијата по гласањето за нов мандат закажано за есенва.

ЕУ треба да заборави на санкции

Уште еден помирувачки глас од Западот, овој пат во облик на колумна од британскиот новинар и колумнист на Гардијан, Сајмон Џенкинс, порачува дека „Далеку од тоа да ја присилат Русија да излезе од Украина, санкциите предизвикуваат големо страдање низ целиот свет како што цените на храната и  струјата нагло растат.“

Амбер Херд и кризата на феминизмот

Модната Библија Вог порача дека тој што не ѝ верува на Амбер Херд има кородирана емпатија. На девојка која мораше да напушти школо откако ја предизвика транс-родовата идеологија, пак, не ѝ се веруваше до толку. Зошто на еден тип жени рабудените им веруваат по автоматизам додека други се игнорираат? 

Рики Џервејс ја разби магијата на разбуденоста

Во својот нов стенд-ап специјал на Нетфликс, Рики Џервејс кажува заебанции за транс луѓе, за СИДА, за Хитлер. Веројатно можете да погодите за што од тие теми има проблеми. Можеби кралот не е гол, можеби кралицата има пенис.

Ни треба анти-воено движење, не чирлидерки на воената индустрија

Ова е совршена војна за воено-индустрискиот комплекс со кој доминира Америка. Нема вреќи со тела на војници кои се враќаат дома, нема антивоени демонстрации. Практично не постои никаков притисок да се преговара а анти-военото движење се сведува на навивање за украинската војска.

Опасната завршница на Бајден: Да нема завршница

Со најавата дека целта на САД сега е не само да ѝ се помогне на Украина туку и долгорочно да се ослаби Русија, американскиот претседател го тера Путин во ќош од кој тој ќе може или да се предаде, или двојно да нагази на воената опција. А Путин досега се нема предавано.

Чомски за Трамп, со пресврт

Тешко е да се наброи колку пати Ноам Чомски се има произнесено за Доналд Трамп и тоа никогаш, ни ронка, не било во полза на златокосиот. Сега кога е јасно дека ѓаволот ја однесе шалата, стариот порачува дека среде оваа воена бучава, постои еден глас на разумот на Запад. Трамп. What a time to be alive!   

Оливер Стоун: Зошто толку го слушаме рефренот за нуклеарка?

Прави ли Америка терен за мала нуклеарка, некаде во Донбас, за која со павлов рефлекс ќе биде обвинета Русија? За да се дознае вистината од каде била лансирана веројатно ќе бидат потребни неколку дена. Но, вистината и онака не е важна. Важна е перцепцијата.

Вкусот на големата паника од Маск

Пиење солзи од лицемерните факт-чекери кои одеднаш ги открија опасностите од приватизирање на просторот за јавен говор. Небаре пред Маск, Твитер беше во раце на работничко самоуправување. „Морони, уживајте во ролеркостерот, вие го имате изградено,“ им порачува сега Мат Таиби.

А во бојкотот на Русија, дупка, за Шел

Кога товар руски дизел не е товар руски дизел? Одговорот е кога Шел, најголемата европска нафтена компанија, ќе го претвори товарот во она што трговците го нарекуваат „Латвиска мешавина“.

Европа, враќање на периферијата на светот

Гледано низ европски леќи, се чини дека континентот никогаш не бил толку цврсто на вистинската страна на историјата. Гледано без тие леќи, над половина од светското население живее во земји кои не се проклучија на санкциите кон Русија. А како да им веруваат на земји на кои „диктаторот“ Мадуро преку ноќ им стана респектабилен трговски партнер? 

Морони, аманте со „промена на режимот“

За 42 години, Американците срушиле или пробале да срушат 72 странски влади. Онаму каде што успеале, често настапувала нестабилност, помалку демократија, опасност од граѓански војни. За на крај, на власт да дојдат некои кои се 1.000 пати понепријателски настроени кон Америка. „Сакаме тоа пак да го пробаме со непријател кој има нуклеарки?“

Чомски: Се приближуваме до најопасната точка во човечката историја

Првиот текст против воена агресија, Ноам Чомски го има напишано на 10 годишна возраст, по паѓањето на Барселона во 1939 година. Првпат е уапсен во 1967 година, на протестите против виетнамската војна, после што дели ќелија со Норман Мајлер. Ако тој на свои 93 години вика дека ова што сега се случува е зезнато, тогаш - зезнато е.  

Ведрана Рудан: Да ве ебе Путин!

Го сакам Хитлер? Ебете се. Ги сакам моите деца и мојата мачка, но не сакам кога кога медиумите простачки ме заебаваат и ми продаваат куросвирец за херој. Не го сакав ни Клинтон кој ја преплави Европа со осиромашен ураниум. Но Клинтон беше и останува борец за демократија. За неговата големина ќе сведочат милиони идни мртви европски деца.

Медлин Олбрајт беше убиец

Медлин Олбрајт умре на 84 години. Таа беше пионер империјалист кој пасионирано се залагаше за користење на смртоносна сила во спроведување на глобален поредок пост-Студена војна доминиран од САД - и уби многу, многу луѓе во овој процес.

Како Кисинџер стана човек на Кина

Човекот чиј однос стана патоказ за Западното однесување кон Кина во јули 1971 престојуваше во резиденција на кинеската влада, каде дискутираше филозофија со кинескиот премиер Џоу Енлај. Од тогаш Западот нема престанато да и се извинува на Кина.

Сите ние сме по малку Македонци

Сите ние по малку сме Македонци, сплетени од љубов, среќа и надеж дека еден ден ќе биде подобро, оти бетер не може. И како што би рекол Влатко откако трипати ќе чукне во дрво за среќа - тоа е тоа, тоа е сè. Вистина ли е така? Ќе видиме во вторник во Порто.