Додека светот се бори да ги согледа разорните ефекти на ковид пандемијата, прашањето што упорно се повторува е зошто невакцинираните не направија повеќе за да нè предупредат за потенцијалните опасности од вакцинирањето.
Додека добронамерните граѓани застанаа во ред за да ја направат вистинската работа и да ги примат своите вакцини против ковид- оние кои сега изгледаат дека прават повеќе штета отколку корист - нивните невакцинирани пријатели беа покрај нив и им дозволија да го направат тоа. Некои од нив кажаа премалку. Некои воопшто не кажаа ништо.
А знаеја нешто што што ние не знаевме. Нашата крв сега е на нивните раце.
Силни се тоа зборови. Но, невакцинираните имаа пристап до важни информации за потенцијалните несакани ефекти од вакцините. Тие знаеја за ризиците од тешки алергиски реакции, згрутчување на крвта и други сериозни здравствени компликации. Знаеја дека вакцините не нè имунизираат. Знаеја дека тоа не е ефикасно и дека може да предизвика повеќе беља отколку добро.
Го знаеја сето тоа, но наместо да не опоменат, избраа да молчат. Тие избраа да ја свртат главата на друга страна и да не зборуваат за потенцијалните опасности од вакцините. Дозволија милиони добри луѓе кои ја направија вистинската работа (во тоа време) да тргнат кон болест и смрт, а многу антиваксери сега и ликуваат по интернет бидејќи погодиле од која страна ќе падне паричката. Полошите меѓу нив дури и с'скаа луѓе да примаат бустери.
Сè стана јасно. Молкот на невакцинираните беше опасна, социопатска и неодговорна одлука која имаше сериозни последици за нас кои ги примивме вакцините. А молчењето, на крајот на краиштата, значи согласување.
Време е невакцинираните да преземат одговорност за своите постапки и заедно со нас да бараат решение за оваа криза. Не можеме да дозволиме нивната себичност и недостаток на акција да продолжат да им штетат на нашите заедници. Време е невакцинираните да истапат и да ја направат вистинската работа.
Оние кои требаше да направат многу повеќе за да нè предупредат за ризиците по нашето здравје, сега од нас ќе треба да побараат и прошка. Рака на срце, може и да им ја дадеме.
Затоа што ние сме добри луѓе. Ги примивме тие вакцини затоа што тоа беше вистинската работа што требаше да се направи. Додека не стана обратно.