Ние, маж ми и јас, затоа што сме стари, не ја разбираме генерацијата на нашето дете. Таа генерација, на своите родители од ден во ден им повторува само една иста реченица, не ни се мешајте во нашите животи, или уште подиректно „НЕ МИ СЕ МЕШАЈ ВО МОЈОТ ЖИВОТ!“
Што тоа значи, прашав. Одговорот е едноставен. Моето дете и партнерот на моето дете и нивното заедничко дете имаат право не невознемирување кога не е време, а ниедно време не е време за да им се јавиш. Истите имаат прво од тебе да бараат услуги од широк спектар во секое време, и имаат прао да ти кажат, откако 40 години си им давала душа и тело, дека „секогаш си мислела само на себе“.
Кога тоа ќе го слушнеш од своето дете, од тебе се очекува да молчиш и да се смешкаш, ама не злобно, сè во име на некое идно време кога немоќна ќе лежиш во пелени и ќе чекаш тоа дете на кое денес НЕ СМЕЕШ ДА МУ СЕ МЕШАШ ВО ЖИВОТОТ, да ти ги смени пелените. Нема шанса! Нема ебена шанса!
А мене баш ништо не ме мачело. Само сум посакала да гио слушнам гласот на своето дете кое некогаш многу сум го сакала и кое од ден во ден го сакам сè помалку. Не се чувствувам виновна за тоа и не, нема моето дете да ми набива чувство на грижа за сите свои промашувања.
Кој те ебе, дете. Не ми требаш, пелени уште не носам, ми требаше твојот глас, твојата насмевка, ми требаше твоето дете кое нема со папучи да го гаѓа телевизорот, кое нема да доручкува на пладне, кое нема да плука по ручекот и да гледа цртани така што целата куќа ќе ори.
Не, се се чувствувам крива што сè помалку ми треба моето дете и детето на моето дете. Има живот и без деца и внуци. Го има! И треба да се ужива во него. Што фали на еден поглед на бугенвилијата, на шетањето покрај море со мажот на твојот живот, на грицкањето гирици во коноба, читањето книги, галењето на вратот на мажот?
Што му фали на живот без дете и без дете на твоето дете? Ох, како би можела да уживам во живот без дерење, вечни анализи на моите грешки кои ги правам од седми век, зборувањето како „ние“ не ги разбираме „нив“’ бидејќи сме живееле во општество кое не нè убивало со работа. „Ние“ сме работеле од седум до три и после сме биле бескрајно среќни и без стрес.
Ха, ха. Некои од нас, не баш мал број, и во оној систем работеле по две работи за да можат да се враќаат кредитите, неои од нас и денес работат од седум сабајле до девет навечер и тоа секој ден, иако некои од нас имаме по 60 и некоја на врат,
Не ми се мешај во мојот живот! Треба тоа да се почитува и да се очекува твоето дете да не ти се меша во твојот живот. А кога ќе дојде време за влегување во пелени, зборувам за себе, имам осигурено десет илјади швајцарски франци со кои ќе си платам еутаназија во Швајцарија. Бидејќи сè е подобро од тоа во смртниот час над себе да го видиш лицето на суштеството кое не сака да му се мешаш во животот.