Кит Гесен во магазинот Политико објаснува дека оваа алтернативна верзија на Путин би требало да биде најфината можна варијанта која во исто време е доволно немилосрдна за да се избори да го наследи Елцин како претседател на Русија, во времето кога сегашниот Путин тоа го направи.
Гесен ја опишува ситуацијата во Москва во 1998-ма. Елцин го тера вториот мандат, кој не изгледа како да ќе може да го доврши, а не па да го смени Уставот и да бара трет. Има двајца кандидати за негов заменик. Првиот е Евгениј Максимович Примаков, долгогодишен вработен на КГБ, шеф на службата за странско разузнавање и премиер на Русија 1998-99. Вториот е Јури Лужков, градоначалникот на Москва, кој стана популарен преку својата вештина за привлекување инвестиции (странски и домашни) во Москва, и во ова директно го порази Санкт Петербург во време кога со градот управат градоначалникот Анатолиј Собчак и "неговата десна рака" Владимир Путин. (За Лужков треба да се знае дека беше озогласено корумпиран, неговата сопруга стана првата милијардерка во Русија, плус еден од најзакоравените националисти кој уште во тоа време го прогласуваше Крим за дел од Русија. Заради прогласување на ова второво додека беше во посета на флотата во Севастопољ, Лужков беше прогласен за персона нон-грата во Украина.)
Сред ваквиот распоред, во есента 1999-та, Елцин од ведро небо го менува Примаков, и за премиер го поставува Владимир Путин. По ова медиумите блиски до Елцин започнуваат крајно успешна кампања за оцрнување на Лужков и Примаков. Во март 2000-та, Владимир Путин е избран за претседател на Русија.
"Поентата е што дури и Путин да не излезеше на врвот, и останатите кандидати се подеднакво националисти кои постојано збореа за изгубениот статус на Русија како супер-сила," објаснува Гесен.
Што се однесува до "таканаречените" либерали од тоа време, Анатолиј Чубајс како архитект на реформите од 90-те е еден од најомразените луѓе во Русија, Борис Немцов е повеќе заинтересиран за девојки отколку за политика и владеење, а Григориј Јавлински е крајно пасивен и има поддршка од околу 7%. Дополнителен проблем за Елцин е што сите овие кандидати би ги отфрлиле и осудиле дотогашните политики. Елцин и неговите најблиски соработници правилно заклучуваат дека Путин е најмалку анти-либерален од сите кандидати, "тие се кладеа на постоењето на фин Путин. Излезе дека згрешија."
За Гесен актуелниот Путин иако бил крут кон Клинтон, тој на 11-ти септември постапил подеднакво разумно како и неговата најфина алтернатива, со тоа што е првиот човек кој му се јавува на Буш за да му изрази сочувство, истовремено откажувајќи ги најавените воени вежби, за непотребно да не ги нервира и онака возбудените Американци.
За многумина, пресвртот во однесувањето на Путин се случува во 2003-та кога го апси Ходорковски. Гесен се повикува на делото Тркало на среќата, во кое Тејн Густафсон од Универзитетот во Џортаун ја обработува историјата на пост-советскиот бизнис со нафта, и го има едно од најдеталните објаснувања за тоа што точно го тера Путин да делува против Ходорковски.
"Ходорковски не го приватизира само Јукос (џиновскиот нафтен конгломерат изграден со децении советски труд) туку и фаќа и важни позиции во Думата. Заради агресивните политики за дупчење нафта тој влегува во конфликт со најголемиот дел со луѓето што од советско време го тераат бизнисот со нафта. Тој во исто време започнува со нешто што наликува на независна надворешна политика, директно преговарајќи со Кинезите за нов меѓудржавен нафтовод.
Уште поважно, од перспектива на државата, Ходорковски добива контролен пакет во Јукос во знак на меѓусебна доверба, во момент на неверојатна слабост, државата морала да ги продаде своите најголеми индустриски богатства за бедни пари. Инсајдерите што ги купија нив станаа спектакуларно богати. Од перспектива на државата - а ова би била и перспектива на финиот Путин - инсајдерите и ја должат својата лојалност на Владата.
Сега, финиот Путин никогаш не би наредил нечие апсење заради политички цели. Тој би се обидел да најде други начин за да го прибере Ходорковски и неговата огромна нафтена компанија...
... Тој (финиот Путин) можеше да ја ре-национализира компанијата без да го апси Ходорковски. Тоа би било пополитичка постапка. И ова е веројатно тоа што Путин би го направил.
Финиот Путин во сличен дух би извел голем број од истите постапки што ги направил Путин, ама во понежна и помудра форма," пишува Гесен.
Неговото главно прашање е - што би направил финиот Путин околу Украина? Што се однесува до поделбата меѓу експертите дали кризата е резултат на проширувањето на НАТО или на агресивната надворешна политика на Путин, според Гесен нема подбела туку и двата фактори имаат подеднакво влијание.
Тој го наведува аргументот на германскиот политиколог Улрих Кун дека Русија не само што не е агресивна во изминативе 20 години, туку таа само се обидува да го заштити статус-кво, додека проширувањето на НАТО е она што ја "прецртува мапата на Европа."
"Што би направил финиот Путин соочен со неумоливото проширување на ЕУ и НАТО? Дали тој ќе ја искористеше конфузијата и нередот по падот на Јанукович за да го освои стратешки виталното пристаниште во Севастопољ или придружниот полуостров Крим? Можеби. Дали ќе лажеше дека го прави тоа, додека го правеше? Бидејќи би бил засрамен од самиот себе, веројатно. Дали потоа би потпомогнал, па дури и поттикнал одвратно сепаратистичко востание во источна Украина, обидувајќи се дополнително да ја дестабилизира Украина? Не знам. Финиот Путин би се обидел да го избегне крвопролевањето. Ама ако алтернативата е Украина да се приклучи кон НАТО, тогаш ќе се најдеме изненадени за тоа до каде финиот Путин е подготвен да оди.
Пред деценија и пол, Русија неизбежно ќе завршеше со некој налик Путин, ако не лично со Путин. До 2012-та, по една деценија силен економски раст, Русија можеби беше подготвена за некој поинаков. За жал, Путин не беше, и си даде на себе уште еден мандат. Ама кој и да следува по Путин, ќе треба да се справи со истата геополитичка ситуација, истото историско наследство, истите соседи.
Многу од ова е вина на Путин! Ама не треба да го мешаме гревот заменувајќи ги долгорочните изјаснети интереси на државата со неатрактивното за остварување на овие интерси. Споредувањето на Путин со Хитлер не помага; понижувајќи ја Русија како 'регионална моќ' не помага. (Да регионална е, ама види колкав е регионот!) Колку порано почнеме да ја разбираме природата на тоа како би изгледал режимот предводен од финиот Путин, толку порано ќе почнеме да формулираме разумна, долгорочна и понизна политика кон Русија, наместо (нашето) месечарење и хаос што ги имаме во последните 15 години," го завршува Гесен текстот во магазинот Политико.
via Политико