„Овој пат Хилари Клинтон не ламентира за „републиканскиот шљам“ (Basket of deplorables). Наместо тоа, заедно со Камала Харис, таа одбра да ги означи Доналд Трамп и неговите поддржувачи како фашисти. Различни зборови со исто значење: секој што ќе го поддржи кандидатот на Републиканската партија на претседателските избори во САД следната недела ќе донесе црнокошуљаши и стормтрупери“, пишува Џоел Коткин.
Но, за многу Американци, вистинскиот шљам може да се најде меѓу поддржувачите на Харис: технолошките олигарси кои доминираат во економијата, финансиерите на Волстрит или магнатите на мејнстрим медиумите.
Уште поомразена од поголемиот дел од јавноста е „прогресивната“ активистичка класа која ја прифати Харис како своја и го обликуваше нејзиното досегашно политичко портфолио. Таа „нова елита“ ги турка демократите кон идеолошки Сцили и Харибди.
„Сè додека Харис и Демократите остануваат врзани со прогресивната идеологија на активистите, тие „“ќе крварат“ заради нивните широко непопуларни ставови за сè, од климатските промени до трансџендеризмот, расните квоти и имиграцијата“, смета Коткин.
Нивниот број не е баш импресивен. Севкупно, разбудените сочинуваат приближно осум отсто од електоратот. Но, жестоко се политички напалени и активни во партиските апарати, медиумските редакции и образовните институции. Долго време доминираа во локалната политика во градови како Лос Анџелес, Оукланд, Хјустон и Бостон.
Наместо работничката и средната класа, Камала се потпира на прогресивноста на ултрабогатите што е финансиски исплатливо: за кампањата собраа милијарда долари, далеку повеќе од Трамп (види: Плиткоста на Камала доаѓа да ѝ наплати).
Тие пари сепак не ѝ го решаваат проблемот.
Надвор од најголемите градови и универзитетски центри, прогресивците се слаби на терен. Нивните ставови се далеку од популарни меѓу пошироката јавност (исклучок е правото на абортус).
Прогресивните мејнстрим медиуми - како што се Њујорк Тајмс и УСА Тудеј - инсистираат дека будноста не е проблем, но, како што рече поранешниот уредник нво Њујорк Тајмс, Џејмс Бенет, традиционалните медиуми сега служат како место каде што „прогресивната елита на Америка си зборува за Америка која реално не постои“.
Поразот на разбуденоста може да се види и во приватниот сектор. Многу компании ги напуштаат фамозните критериуми за “диверзитет, инклузија и еднаквост“(DEI) и се враќаат на мерит системот (пример: Боинг) а инвестициски гиганти како БлекРок се оддалечуваат од агендата за животна средина, одржливост и управување (ESG).
Не е тоа чудно. На многу инвеститори во тие зелени проекти им е јасно дека нема да преживеат без владини субвенции како што ќе биде ако во Белата куќа дојде Трамп.
Харис може да плати висока цена и за администрацијата што дозволи границата да стане толку порозна. Резултат на таа политика на Бајден/Харис е што, според истражување на CBS News, огромно мнозинство Американци се за депортација на недокументираните имигранти. Притоа, меѓу најзагрижените се самите Латиноамериканци кои ги фаќа уплав дека поплава од нивни сиромашни екс сограѓани ќе им ги земе нивните работни места и ќе им ги намали примањата. Покрај тоа, приближно половина од сите Латиноамериканци, регистрира сондажа на Пју, го поврзуваат сегашниот миграциски бран со зголемениот криминал во нивните заедници.
Повеќето Американци, исто така, се залагаат доказ за државјанство да биде услов за гласање, позиција која жестоко ја отфрлаат прогресивците.
Сето ова тешко допира до оние кои живеат во своите богати меури и прекрасни урбани области населени со прогресивната елита. Една неодамнешна студија на Расмусен на урбани професионалци со високи заработувачки покажа дека нивните ставови за мноштво прашања, многу се разликуваат од повеќето Американци.
„Овие високообразовани луѓе, меѓу другото, кукаат што Американците имаат премногу а не премалку слобода. Кои се тогаш вистинските фашисти?“, прашува Коткин.