Ако го сакате „помалото зло“, бегајте од _____________. Земете го семејството, спасете ги децата или започнете некоја работа на некое друго место.
Ако не ви се читаат графикони, а графиконите за ниеден битен критериум не одат на подобро, запрашајте се само ова: зошто луѓето заминуваат од _____________, а никој во _____________ не доаѓа? Зошто не отвораат фирми овде, зошто не доаѓаат да работат? Зошто никој не доаѓа во земја која е поубава и има поубава клима?
Зошто? Луди ли сме ние па ни дошло да се заебаваме со други даночни правила и да живееме во ладни и грди земји?
Тоа е така затоа што _____________ е апсолутно безнадежна земја на ухлеби и паразити, на непостоечко правосудство и високи даноци кои служат да се дрпа од работниците и од способните, за да се прехранат неработниците и неспособните. Сè друго е шоу и ниеден манекен во тоа шоу не е помалото зло.
_____________ е земја на лопови и ухлеби и таква е практично од секогаш. Тоа не можете да го промените на избори туку на некој аеродром или граничен премин.
Демократијата станува дисфункционална во моментот кога бројот на луѓе кои го цицаат буџетот станува поголем од оние кои го полнат. Во тој момент сите избори стануваат ирелевантни а мантрата „треба да се бори човек“ и „треба да се излезе и да се гласа“ станува потполно идиотска.
Не можете да ги надгласате. На тројца луѓе кои сакаат да ви ги земат парите вие сакате со својот еден глас да ги спречите да ви ги земат? Ај па, со среќа во тоа.
Ако победи овчарот кој ви е симпатичен и „помало зло“, честитам. Но, на крајот сите овци и онака завршуваат на колење.
Матија Бабиќ,
пишува за Хрватска иако, пополнете ги празните места со Македонија и текстот станува уште попасент.