Сето она - и многу полошо - што се прави јавно на српската политичка сцена, на сет глас, во трката кој кого ќе ќе преебе и надебе, на Запад се прави зад сцената и под масата, во секој случај далеку од очите на јавноста.
Постои една брилијантна книга - наречена „Ориентализам“ - во која авторот Едвард Саид покажува како предрасудите, фантазиите и претерувањата на бадијалџиските патеписци од 19 век „се прелеале“ во западната политика и како - откако тие предрасуди, фантазии и претерувања ќе се напумпаат назад кон Ориентот, тие кај ориенталците предизвикуваат ресантиман, што ги тера да почнат во влакно да реагираат и да се однесуваат согласно небулозите, кои честопати се - како што споменавме претходно - сулуди и фантастични.
Трансферот на мрачните страни и тајните на Западот во Ориентот оди рака под рака со историското неискуство на ориенталните народи, меѓу кои - немојте да имате заблуди - Западот нè вбројува и нас Србите, иако ние правиме сè за да ги оправдаме западниот предрасуди.
Да го земеме неодамнешниот пример за нашето историско неискуство и дипломатско неискуство. Ако, на пример, некоја голема западна моќ има намера да создаде шклопоција наречена „српски свет“, што мислите дека би сторила? Дали 1. тоа би го разгласила на сите ѕвона и на јавна сцена би пуштала будалести идиоти и параисторичари кои би се заканувале со ќотек, или 2. везден јавно би зборувала за регионална соработка и интеграции, додека под маса би хушкала, боцкала и роварела додека не дојде време да ја оствари таа своја замисла? Можеби ни тогаш не би ја остварила - таквите замисли намери бараат совпаѓање на многу фактори - но во принцип тоа така се прави.
На крајот на краиштата, не мора да се оди далеку на Запад, ниту пак дека тоа мора да го прави само некоја голема сила. Да погледнеме, на пример, што прави соседна Унгарија, со која сме во некакво пријателство. Веројатно не сте чуле - иако не е тајна - дека унгарската влада им нуди на сите граѓани на нашата северна провинција Војводина - без оглед на расата, верата, полот и националноста - унгарско државјанство (и соодветниот пасош) под еден услов: кандидатот за државјанство да е потомок на некој што е роден (без оглед кога) во (австро) унгарската монархија.
Додуша, факт е дека мора да се положи испит за унгарски јазик, но добро информирани извори велат дека доволно е да се знае да се бекне хоџ вош, тудо мудо или Михаљ Кертес па да се положи испитот. Унгарското државјанство е многу популарно поради пасошот во ЕУ, велат бизнисот цвета, сè додека еден ден, некој од Будимпешта не рече - дали гледате колку унгарски граѓани има во Војводина (и Србија). Дали знаете - кога ќе паднете на задник - дека државата е таму каде што се граѓаните, а не народот.