Што е српско на Косово и Метохија?

Имот од 200 милијарди долари

Сопственоста и правното наследство се свети категории низ цел свет. Заради овие принципи Србија, која на себе ги презеде 858-те милиони евра долг на АП Косово и Метохија, ова уредно им го враќа на странските доверители. До сега се исплатени околу 500 милиони евра. Затоа и е во ред Србија гласно да каже што е нејзино на КиМ.

Актуелната власт ама и сите претходни, немаат суштински доследно и на сериозен и документиран начин инсистирано пред се кај моќните држави од Квинтата (групата составена од министрите за надворешни работи на САД, Германија, Британија, Италија и Франција) на фактот за неприкосновеното право на (српска) сопственост на Косово и Метохија. Сега нам Трепча одеднаш ни падна во скут како проблем и сега клопчето тргна да се одмотува. (Трепча е на територија на Косово, а моментално е во сопственост на Владата на Србија. Приштина неодамна најави дека на 2. февруари ќе го превзема работењето и сопственоста над рудникот.)

Сопственоста и правното наследство се свети категории низ цел свет. Заради овие принципи Србија, која на себе ги презеде 858-те милиони евра долг на АП Косово и Метохија, ова уредно им го враќа на странските доверители. До сега се исплатени околу 500 милиони евра. Затоа и е во ред Србија гласно да каже што е нејзино на КиМ.

Достапните податоци зборуваат дека во име на државата, значи без домашните компании, Владата на Србија по основа на сопствеништво побарува 376 разни објекти во кои само од 1990-та е вложено 1,5 милијарди долари. За рафинеријата и топилницата "Трепча," површинските ископи на лигнит, термоелектраната, училиштата, болниците, поштите, железницата, станбените објекти, патиштата... Србија има дадено околу 18 милијарди долари. На КиМ се, во сопственост на Железницата на Србија, 33 железнички станици, 330 километри пруга, 45 патнички и над 600 товарни вагони, и останати се 38 различни локомотиви. Ниту една српска компанија не успеа да ја заштити својата инвестиција или имот на КиМ, дури и тогаш кога барањата одеа преку меѓународните институции. Процената е дека вредноста на вкупниот имот на Србија на КиМ е околу 200 милијарди долари. На сето ова треба да се додаде и огромниот приватен имот, кој не може да биде предмет на какви било преговори.

Власта е повикана одговорно, и подобро од кога било до сега, да го штити имотот на државата Србија без разлика каде таа се наоѓа. Животот и стварност, не треба да бидат ни драма, ни комедија без разлика какви проблеми има државата.

Зоран Луковиќ
Недељник

27 јануари 2015 - 11:21