Политиката на Еврозоната гние во сосема спротивен правец од нејзината оригинална намена. Политиката која требаше да ја држи Европа заедно, за да се избегне повторувањето на ужасите од Големата депресија и Втората светска војна, наместо тоа истошти цели нации, и ја подгреа галопирачката недоверба и омраза. Грција е прва пред сатарот - ама нема да биде и последна.
Вреди детално да се преиспита развојот на настаните откако Сириза беше избрана во јануари, како што тоа го прави Дилан Метјуз. И покрај сите нивни празни закани и радикална реторика, Сириза во основа се откажа од најголемиот дел од нивните основни ветувања, бидејќи едноставно немаа доволно адути сега откако Грција беше финансиски оградена. Во февруари тие се согласија на договор за штедење а за возврат да добијат 4-месечно одложување, и во најскорите преговори, тие прифатија одредено штедење, барајќи само тоа да биде имплементирано во форма на зголемувања на корпоративниот данок наместо кратење на пензиите и зголемување на ДДВ-то. Евро елитите не го прифатија ова - во основа барајќи комплетна контрола врз сите аспекти од грчката буџетска политика - што доведе до ќорсокак и референдум.
Политиката во кризава е врзана со огорченост, сомневање и ксенофобија која рапидно се претвора во расизам. Северните Европејци се нејасно гневни на наводно непомерливите Грци на кои им е неопходен спас, додека Сириза не е над нивото на играње на карта на нацизмот.
Дури и на врвот јасно е дека најголемиот дел од елитите во Еврозоната, како германскиот министер за финансии, Волфган Шојбле, во основа ја презираат Сириза, и се на пола пат отворено да се заложат за промена на режимот во Грција, како што тоа го направија во Италија. Нации како Ирска понизно ја прифатија пресудата на елитите и како последица добија одредена минорна контрола врз својата буџетска политика, вклучувајќи го и правото на зголемување на даноците. Меѓутоа Сириза е составена од вистински левичари кои не се двоумат јасно да кажат дека европските елити се глутница на колосални неспретници кои без никаква вистинска причина ја руинираат Грција.
Тие се во право - и ако елитите на Еврозоната не се задоволни од јазикот на Сириза, тие треба да се обвинат само самите себе. Претходните мрзливи централно-левичарски влади, предводени од ПАСОК, безусловно ги извршуваа наредбите на Европа за време на пропаднатиот пакет за спас на Грција во 2010-та и преструктуирање на долгот во 2012-та. Тие ја прифатија секоја "структурна реформа" што им беше предложена, и ќе беше тривијално евтино ним да им обезбедат со доволно кеш за да се спречи колапсот на нивната економија додека истовремено се договараше прописно отплаќање на долговите. Наместо тоа, беше договорен голем пакет за спас (само одложувајќи го неизбежното) во замена за економска политика еквивалентна на отсекување на сопствената нога. Денешната стапка на долг спрема БДП на Грција е повисока отколку што беше во 2012-та.
Излезе дека владеењето во време кога невработеноста скока на 30% и не е така добар за твоите политички амбиции. ПАСОК не само што беше поразен, туку во основа тој беше и уништен - паѓајќи од 38% од гласовите во 2009-та, на помалку од 5% годинава.
Ова ни најмалку не и пречи Европската владејачка класа, каде демократската волја од суверените нации не е ништо освен иритантна формалност. Кога го спомна грчкиот референдум за време на состанокот на Еврогрупата, грчкиот министер за финансии го пренесе следниот одговор: "Како вие очекувате обичен народ да разбере вака комплексни прашања."
Како што забележува Мат Иглесијас, за европските елити моментално поголема грижа веројатно се останатите нации. Ако Грција избере еден куп гневни левичари кои ќе успеат да извадат одредени отстапки и евентуално закрепнување на економијата, тоа ќе испрати проблематична порака до останатите измачени членки на Еврозоната како Шпанија, Италија и Португалија. Грција мора да биде доведена до послушност - или ако го напушти еврото, тоа мора да биде најбруталното можно искуство, како начин да се стави страв во срцата на секој што ќе помисли да ја предизвика хегемонијата на елитата.
Ова изгледа како крајната поента на европската пост-демократија. Европските елити беа премногу глупи или луди за да го избегнат уништувањето на Шпанија и Грција (и до некаде и секој член на Еврозоната, дури и Германија) со штедење и стискање на парите. Сега кога најлошо погодената држава се обиде да измрда од железната девица, таа или ќе биде присилена повторно да се потчини или ќе биде прогонета од еврото. Ако Шпанија се обиде да го направи истиот трик - и таму се забележува раст на слична левичарска партија - и таа ќе добие сличен третман. Само Господ знае кој ќе биде следен, кога ќе дојде следната финансиска криза.
Единство, братство и демократија беа избришани од европскиот споменик. На нивно место се поделба, економски колапс и аристократија од повластени идиоти.