Младинскиот Културен Центар од Битола (МКЦ Битола), поддржан од Национален младински совет на Македонија (НМСМ) ја реализираше оваа креативна акција, која предизвика голем интерес кај сите Битолчани, со цел да ја подигне свеста за загадениот воздух во градот.
Иницијативата беше дел од кампањата „Мрдни со прст“ која има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец, како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно, но и колективно.
Кампањата „Мрдни со прст“ продолжува и понатаму, а следната акција е за чистење на отпадоци околу Скопскиот Аквадукт во Визбегово. Секој кој сака да се пријави за акцијата може тоа да го направи преку веб страната www.mrdnisoprst.mk или преку Facebook на: https://www.facebook.com/events/1333380106704430/.
(комерцијален текст)