Orbit наградна игра, МОМЕНТ ДА БЛЕСНЕШ

Најсреќниот добитник во наградната игра Orbit Момент да блеснеш, добитникот на главната награда Peugeot 208 е Анета Петковска од Битола.

На 20 април пред главниот влез од Vero Jumbo центарот, клучевите од главната награда беа доделени од стана на Маријана Петрушевска Иваноска претставник од компанијата Mars.

И честитам на среќната добитничка на главната награда, како и на сите останати наградени кои во изминативе 5 седмици играа со нас. Марс продолжува со исто темпо, и во иднина ќе има уште многу причини за блескави насмевки на лицата на нашите потрошувачи. - изјава од претставник од Mars.

Во текот на наградната игра, која започна од 01 март и траење до 05 април се доделија супер награди. Во тој период покрај главната награда, беа доделени и пет Peugeot Kisbee скутери како и 36 Samsung S36 hoverboard.

Компанијата Mars планира во иднина да продолжи со организирање на наградни игри, а она што може да го најави е следната која ќе се реализира во текот на мај месец оваа година. Поради тоа она што можеме да го ветиме е дека во периодот што следува ќе има многу изненадувања од страна на Mars.

Инфо за компанијата:
Mars претставува една од најголемите светски компании со повеќе од сто години традиција и најпознати брендови во светот, наменети за широка потрошувачка. Mars остварува нето приходи од продажба од речиси 35 млијарди долари со претставништва во 80 земји ширум светот.

(комерцијален текст)

20 април 2018 - 15:10