Новиот НАЈ НАЈ кеш-кредит нуди три можности за фиксни каматни стапки, со различни промотивни каматни стапки за првите периоди на кредитот.
Во зависност од желбите и потребите на клиентите, на располагање им се три понуди, односно,
- првата опција подразбира промотивно намалена каматна стапка од 5,75 % за првите 12 месеци и фиксна каматна стапка од 8,45 % од 13. до 95. месец;
- втората опција подразбира промотивно намалена каматна стапка од 6,10 % за првите 24 месеци и фиксна каматна стапка од 8,25 % од 25. до 95. месец; и
- третата опција подразбира промотивно намалена каматна стапка од 6,45 % за првите 48 месеци и фиксна каматна стапка од 7,75 % од 49. до 95. месец.
Каматните стапки се валидни со вклучување на кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,85 % годишно од износот на кредитот.
- Уште еднаш ги потврдуваме нашите намери за понуда на производи скроени да одговараат на потребите и можностите на граѓаните. Оваа понуда е резултат на длабинските истражувања кои ги спроведовме на пазарот и на нашите вештини да развиеме ваков вид производ. Со оваа уникатна понуда, клиентите уште од самиот почеток го знаат точниот износ на нивната месечна рата за целиот период на отплата и можат безгрижно да го планираат остварувањето на своите желби и потреби. Тоа е она што ја издвојува оваа понуда на пазарот и е дополнителен доказ за неопходната транспарентност за добивање на лојалноста на клиентите. Дополнително, на клиентите им е дадена можност да изберат една од трите опции која ним најмногу им одговара. Кон тоа ја додаваме и нашата грижа за клиентите во форма на кредитно животно осигурување, за нивна комплетна финансиска заштита за целото времетраење на кредитот. На овој начин, ние, Охридска банка Сосиете Женерал, го градиме тимскиот дух со нашите клиенти – изјави Стефан Туати, член на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.
Дополнително, сите нови клиенти, кои ќе ги рефинансираат своите долгови со НАЈ НАЈ кеш-кредитот во Охридска банка Сосиете Женерал, добиваат дополнителни придобивки, како: без административен трошок и трошок за апликација, без трошок за дебитна картичка за првата година и без трошоци за услугите МОЈА БАНКА ‒ Мобилно банкарство, е-банкарство и СМС-известувања за период од 6 месеци.
По воведувањето на концептот ПЛАН ЗА СТАН со фиксна и гарантирана каматна стапка до 2030 г ., најновиот НАЈ НАЈ кеш-кредит е уште еден важен чекор за Охридска банка Сосиете Женерал во спроведувањето на нејзината мисија за понуда на производи со најтранспарентни услови за нејзините клиенти.
Повеќе информации за оваа понуда клиентите можат да најдат на веб-страницата на Охридска банка Сосиете Женерал, www.ohridskabanka.mk, и во експозитурите на Банката ширум земјата.
(комерцијален текст)