
Понудата е овозможена преку НЛБ Инстант Потрошувачки Кредит, без сложена процедура и со едноставна апликација директно во продажната мрежа на Нептун. Во првите 3 месеци, клиентот плаќа само камата, без отплата на главнината на кредитот. По истекот на грејс периодот, следува отплата на кредитот до 45 месечни рати.
Оваа финансиска погодност е идеално решение за сите што сакаат веднаш да купат клима уред, а да започнат со отплата дури по три месеци – без финансиски притисок, со фиксен месечен износ и едноставно процесирање.
„Со оваа понуда им овозможуваме на нашите клиенти да купуваат паметно – без да го одложат своето задоволство и комфор. Нептун го прави купувањето достапно, брзо и без стрес“, изјавуваат од компанијата.
Промоцијата важи до 31 јули 2025 година во сите продавници на Нептун низ државата, како и онлајн на www.neptun.mk. Аплицирањето за кредит е достапно на лице место, со поддршка од продажниот персонал.
(Комерцијален текст)