Како најчеста дестинација го одбираме Маврово, пред сè поради блискоста со Скопје и околните градови, прекрасната шумска вегетација, големиот избор на патеки за скијање и останати спортски содржини.
Дали некогаш сте размислувале да го имате ова кога и да посакате во текот на целата година? Можеби да купите стан во Маврово? Сега таа желба може да ви биде исполнета. Вселиви веќе од декември ќе имате одлична можност по цена од 650 евра до 830 евра за м2, да купите еден од 105-те апартмани, инвестиција на Пелагонија АД Гостивар.
Апартманите во комплексот се со квадратура од 30 до 50 м2, а целиот објект е направен по највисоки стандарди, енергетски е ефикасен, а има и своја трафостаница. Апартманите се опремени со високо квалитетен ламинатен паркет Кронтекс произведен во Германија и високо квалитетни увозни керамички плочки. Станбениот комплекс има 5 типови на апартмани распоредени на 5 ката. Изложеноста на апартманите во зависност од големината и позиционираноста може да биде кон езерото или кон планината, така што секоја страна и секој агол од комплексот нуди поглед во бескрајот на природната убавина. Еднособните станови вклучуваат кујна, дневна соба и бања, а останатите вклучуваат дневна соба, спална, бања и кујна. Придржувајќи се кон принципот на комплетна услуга и работејќи по методот на дизајн, изведба и уредување до “клуч на врата”, идните сопственици на овие станови ќе добијат целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел.
За повеќе информации посетете ја веб страната на комплексот www.stanovimavrovo.mk или пак фејсбук страната https://www.facebook.com/stanbenkompleksMavrovo/
(комерцијален текст)