На 10. јубилејно издание на CodeFu силите ќе можат да си ги одмерат додипломци и последипломци од земјава, при што особено голем интерес за овој натпревар има кај кај студентите од ФИНКИ и сродните факултети на останатите државни и приватните универзитети.
Овој натпревар првпат почна да се организира во 2007 година, а правилата се речиси исти до денес. Од вкупно пријавените, со принцип на елиминација во две рунди, остануваат само 32 натпреварувачи кои си ги одмеруваат силите во финалето. Покрај ранци, маички и сличните подароци за сите учесници, победниците на натпреварот добиваат атрактивни награди како што е целосно платено патување во Цирих со цел посета на конференцијата Jazoon. Бројот на пријавени, од почетокот досега постојано расте, при што бројката достигнува и по повеќе од 120 пријавени секоја година за учество на CodeFu.
Големиот натпревар не е единствениот CodeFu настан во текот на годината. Тој со себе носи и четири сезонски натпревари, каде наградите за победниците се андроид таблети, како и повеќе Community натпревари каде што натпреварувачите самите ги поставуваат задачите кои треба да се решат.
За повеќе информации, правила на учество и сѐ друго во врска со натпреварот посетете ја страницата на CodeFu (http://codefu.mk/)
(комерцијална објава)