Целта на проектот „Моја скопска приказна" и натпреварот беше да се направи изложба на фотографии од објекти кои ја отсликуваат автентичноста на градот. На објавениот конкурс пристигнаа вкупно 430 фотографии, а 160 беа изложени на изложбата. Фотографиите се од објекти, од автентични фасади, кои вистински го дефинираат идентитетот на старата скопска архитектура. Изборот на најдобрите фотографии беше направен од жири комисијата во состав Румен Ќамилов, Георги Константиновски, Данило Коцевски, Мартин Ивановски и Бојан Стоилковски.
Проектот беше спроведен и организиран од Стримон филм и е дел од програмата на Делегацијата на Европска Унија, Европска година на културно наследство, 2018. На изложбата и прогласувањето на победниците, свое обраќање имаа Ивана Шекуткоска, организатор на настанот, амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европска Унија и Заменик министерот за култура, Владимир Лазовски.
(комерцијален текст)