Годинава,меѓуодбраното друштво од над 3.000 угледни гости од 140 земји и 50 конгресмени,во својство на претставници на Република Македонијасе вброија иосновачот на фондацијата „Борис Трајковски“ и НВО активист, г-ѓа Вилма Трајковска и Извршниот директор на Фондацијата, г. Роберт Милчев,Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов со сопругата Емилија,Извршниот директор на „Триглав осигурување“, г. Ѓорѓе Војновиќ со сопругата Маја, Вицегувернер на Народната Банка на Македонија, како и Лазим Дестани, сопственик на компанијата „Еколог“.
Централната церемонија во рамки на престижниот настан чија цел епродлабочување на меѓународните врски и меѓусебната грижа, како и маргинализирање на различностите помеѓу луѓето, традиционално се одржа во хотелот„Вашингтон Хилтон“.
Покрај главниот збор, којпо традицијаза време на овој настанго има Американскиот Претседател, во рамки на активностите поврзани со65-тиот Молитвен појадок,впечатливообраќање имаа и американскиот Сенатор од Флорида, Марко Рубио, Рабинот Хасел Лукстин и Рабинот Киш, еминентни сенатори и верски лидери како и Кралот Абдула од Јордан.
(комерцијален текст)