#WeAreNATO

Македонија, една од најнебезбедните дупки на светов

Ковид пандемијата испретумба многу состојби и позиции во светов, но сепак остануваат некои фиксови. Еден од нив е дека Македонија не ја бива. Ама па, ако Заев ишмиргла уште некој споменик за бугарскиот фашистички окупатор, можеби конечно ќе тргнеме напред?

Скриншот: ЦИВИЛМЕДИА

Само девет земји од глобалната листа за безбедност се полоши од нас. Побезбедни од последната горда членка на НАТО се дури 124 земји. Со други зборови Македонија, на која ѝ залепија Северна за да не ѝ се кочи напредокот, е рангирана на 125-тото место на општата  листа на безбедност во која се оценувани 134 земји.

Како и во претходните рангирања на Глобал Фајненс, индексот на безбедност зема во обзир три фундаментални фактори: личната безбедност, прашањето за војна и мир како и ризикот од природни катастрофи во кој сега се вклучени и аспектите од ковид -19. Во случајот со последново, смртноста од ковид носи негативни поенти додека нивото на вакцинација позитивни.  

Бројот на смртни случаји пер капита е директен показател колку добро или лошо земјата реагирала на заканата од ковид 19, што се темели на капацитетите на здравствената инфраструктура (тука сме), владините способности (тука сме) и политичкото раководство (тука сме) да се справат со неочекувани кризни ситуации. Од друга страна, на вакцинираноста пер капита било гледано како на показател кој ја изразува финансиската моќ на една земја и нејзините идни перформанси во случај на потреба од превентивни ангажмани.

Генерално, Македонија е сместена меѓу Ел Салвадор и Јемен.

За добивање појасна слика: Ел Салвадор е држава со највисока стапка на убиства во Латинска Америка, додека Јемен е целосно опустошен од крвава граѓанска војна.

 

8 јули 2021 - 11:21