Бојан Крижај, легендарниот словенечки репрезентативец на поранешна Југославија се смета за еден од најдобрите скијачи во слалом и велеслалом на сите времиња во светски рамки. Има вкупно 8 победи на Светскиот куп, а првиот медал го освојува на Светското првенство во 1982 во Шлaдминг кога за само неколку стотинки завршува втор зад Ингемар Стенмарк. Тие двајца водеа беспоштедна битка за првото место во годините што следеа.
После пензионирањето, се залага за развој на скијањето насекаде низ светот па така и во нашата земја. Од љубов кон Македонија, пројавува голема желба да помогне во организацијата на Шарпланинскиот куп и бива поставен за директор на организицискиот одбор во 2012 и 2013-та година.
Од сите држави во светот, Крижај доаѓа во Македонија да се оперира од катаракта. Зошто? Погледнете го видеото.
(комерцијален текст)