Чест ни е да бидеме дел од една спортска и урбана традиција која на главниот град му се случува од 1997 година. Несомнено Скопскиот маратон е настан на кој треба да бидеме горди. Како компанија сме целосно посветени во секој дел од годината со поддршка на спортските и хумани вредности. Функционалниот јогурт Здравје + од оваа година ќе им дава сила, енергија и виталност на сите маратонци кои ќе го газат скопскиот асфалт... Со поддршка и на останатите партнери на Скопски маратон, се надеваме дека повторно Градот Скопје ќе биде домаќин на врвен спортски настан – изјави Милка Исјановска, маркетинг директор на Млекара Здравје Радово
Поддршката на Скопскиот маратон, ќе биде промовирана веќе во недела на10 април со почеток во 10.00 часот, во Градскиот парк кога стартува Женската трка. Податокот дека жените имаат многу повеќе обврски а се помалку време за себе, време за вежбање, го зголемува ризикот од разни заболувања. Низ годините, Скопскиот маратон успеа бројот на жени да го зголеми и оваа година очекува околу 800-1.000 жени да учествуваат во најпозитивната трка во Скопје. Од 2016 година, Женската трка е влезена во календарот на Европската Атлетска Асоцијација. Од компанијата ве канат на Школка на спортско трчање и дружење со функционалниот јогурт Здравје +
(комерцијална објава)