![](/files/styles/780px/public/statija/2017/04/12/191067-eucerin-even-brighter-clinical-kolekcija-za-posvetla-i-posjajna-kozha.jpg?itok=EGCY7gCr)
Научниците од истражувачкиот центар на Баерсдорф во Хамбург долго време го истражуваа овој проблем, тестирајќи ја активната состојка за осветлување B-Resorcinol, која даде одлични резултати. Токму таа е клучната состојка на новата иновативна колекција од Еуцерин – EVEN BRIGHTER CLINICAL, која ја спојува ефикасната заштита и нега на кожата, овозможувајќи прекрасна и мазна кожа со рамномерен тен.
Истражувањата покажуваат дека една од три жени над 40 години страда од хиперпигментација, а се почесто од вакви нарушувања страдаат и помладите жени. Одредени хормонални влијанија, повреди, генетски фактори, болести и стареењето, доведуваат до појава на хиперпигментација или темни дамки. Колекцијата EVEN BRIGHTER е дерматолошки тестирана и докажано е дека влијае за порамномерен и посјаен тен, по само 4 недели од редовна употреба.
Колекцијата EVEN BRIGHTER се состои од дневна и ноќна крема, серум-концентрат и коректор на дамки, специјално креирани за потребите на потрошувачите.
Eucerin EVEN BRIGHTER дневната крема е клинички и дерматолошки испитана крема, која докажано ги намалува темните дамки и го изедначува тенот на кожата. Активната состојка B-Resorcinol, помага во намалување на излачувањето на меланин и појавата на хиперпигментација, а во нејзиниот состав има и глицирхетинска киселина која го стимулира сопствениот регенеративен процес на кожата. Со висока СПФ 30 и УВА заштита, оваа крема ефективно ја заштитува кожата од понатамошно оштетување предизвикано од сонцето и нарушувања во пигментацијата, а кожата станува видливо посветла и со рамномерен тен по само 4 недели од употребата.
Eucerin EVEN BRIGHTER ноќната крема е регенеративна хранлива крема, збогатена со моќната состојка – декспантенол, која овозможува интензивна хидратација на кожата, истовремено забрзувајќи го ноќниот процес на регенерација на кожата. Кремата не е мрсна, лесно се нанесува и брзо се апсорбира, содржи нежен мирис и е погодна за сите типови кожа.
Eucerin EVEN BRIGHTER серум концентратот интензивно го осветлува тенот и ги намалува темните дамки. Содржи висока концентрација на B-Resorcinol, а истовремено претставува и нежно средство за секојдневна употреба. Се состои од 6 индивидуални ампули, а секоја од нив е наменета за третман од една недела. Се употребува како серум под дневната крема, а е компатибилен е за сите типови на кожа и секоја боја на кожа.
Eucerin EVEN BRIGHTER коректорот на дамки е наменет за прецизен третман на местата со хиперпигментација. Ова нежно средство кое е погодно за секојдневна употреба, брзо се апсорбира во кожата и се нанесува директно на загрозените места, а резултатот е рамномерен и сјен тен по само 4 недели од употребата!
Колекцијата EVEN BRIGHTER исто така може да се употребува на рацете, дланките, градите или пак на било кое место каде што можат да се појават флеки, пеги и темни дамки.
Редовно употребувајте ја Eucerin EVEN BRIGHTER колекцијата и чувствувајте се пријатно во својата кожа!
(комерцијален текст)