Твитеровата листа

Да не мислите дека потсвесно сте им направиле "unfollow" на некои луѓе на Твитер, од компанијата признаа дека всушност постои "unfollow bug."

Проблемот предизвикува луѓе (по случаен избор) да ги снема од вашиот список на твитерџии што ги следите.

Додека да го средат ова, од Твитер препорачуваат од време на време да го проверувате списокот со луѓе кои ги следите и да видите дали сите се таму.

Околку проблемот прв паника крена еден од аналитичарите на TechCrunch, кој во разговор со претставник на Твитер, добил информација дека станува збор за баг и дека компанијата работи на тоа.

Во историјата на багови на Твитер, веројатно најзапаметен ќе остане "mouseover bug" од 2010-та, кој стратуваше поп-ап прозори и автоматски го редиректираше корисникот кога ќе преминеше со маусот преку некој линк.

29 март 2012 - 08:56