Спотифај скина 70 епизоди на Џо Роган

Спотифај преку ноќ отстрани преку 70 подкаст епизоди на најгледаниот подакст на светот кој има повеќе гледачи од меинстрим медиумите заедно. Овојпат проблем не е ковид. Овојпат седнале и бришеле сè кадешто некој (Роган или гостинот) го изговара фамозниот н(игер) збор.

На Спотифај веќе нема епизоди на Роган со Бил Бур, Ејми Шумер, Енди Дик, Том Сегура, фронтменот на Тул и многу други гости на Роган кои се познати по тоа што не внимаваат многу на јазикот, но исчезнаа интервјуа и со многу попитоми луѓе како Луи Теро или Пит Холмс.

Претходно некој му имаше направено видео компилација од сите моменти кога на подкастот се спомнало „нигер“, термин кој одамна се смета за навредлив во случаи кога белец го употребува за црнци.

Роган потсетува дека муабети со луѓе прави 12 години а често тие разговори траат и по 3-4 саати но дека никогаш немал намера да го користи тој термин во расистичка конотација.

„Не можам ништо да сторам наназад. Би сакал да можам, но тоа не е возможно. Сигурно не сум сакал да бидам расист и сигурно не сум сакал некого да навредувам за да бидам забавен со нешто што е глупаво како расизмот,“ рече во реакцијата Роган, извинувајќи се за кажаните работи.

Кога доаѓаше на Спотифај, од архивата на неговиот подкаст беа отстранети контроверзните епизоди со Алекс Џонс и Гевин МекИнес. Според сајтот JRE Missing, вкупно 113 од вкупно 1.770 епизоди на подкастот во моментов ги нема на платформата.

Претходно Роган беше на удар заради ковид информациите кои можат да се слушнат на неговиот подкаст. Се потпишуваше петиција за негово отстранување а Нил Јанг и Џони Мичел ја повлекоа својата музика не сакајќи да се на иста платформа со него по што Спотифај реши да го задржи Роган но да додаде „содржинско предупредување“ на сите подкасти на кои се зборува за ковид.

„Заебанција“ од Твитер:

 

 

5 февруари 2022 - 09:32