По купувањето на Твитер, Маск целосно го измени системот за делење беџови за верификација на социјална мрежа, па по новиот ценовник организации треба да платат 1.000 долари месечно за да добијат златен беџ, а почетната цена за приватни лица е 7 долари (во САД).
Од Тајмс порачале дека исто така нема да им ги надоместат парите ни на нивните новинари кои платиле за синиот беџ, освен во ситуации кога тоа е неопходно за работа.
На слична политика за неплаќање на своите вработени се има одлучено и Политико, а Аксиос пренесе дека и Белата куќа нема да им плати на своите вработени за да ја задржат официјалната верификација на својот профил.
Твитер претходно објави дека 1 април 2023 е крајниот рок за гасење на претходната програма за верификација и за бришење на беџовите кај оние кои ги имаат а не платиле месечен надомест.