Ко-основачот на Твитер, Ев Вилијамс, на дебата на тема интернет порачал дека "статистиката од соништата" што компанијата сака да ја добие е - колку пати е прочитан некој твит.
"Поинтересно од бројот на луѓе што те следат е колку пати си ретвитуван. Бројот на луѓе што следат не ја доловува вистински твојата дистрибуција. Она што посакуваме да го имаме е колку луѓе го виделе твојот твит," објаснува Вилијамс.
Тој ова го открил зборувајќи за новите забрани што се воведоа на АПИ-то на Твитер (сегментот кој на трети лица им дозволува правење апликации за Твитер), кои тој ги објаснува како обид на компанијата подобро и подетално да ги собира податоците за ангажманот на корисниците.
Се проценува дека 40% од луѓето кои редовно се вклучуваат на Твитер, никогаш не твитаат.