„Откако бев хакнат четири години живеев без Фејсбук и Твитер и животот беше фантастичен,“ изјави на прес-конференција германскиот министер за финансии Роберт Хабек.
„Можам да потврдам дека животот е многу добар без Фејсбук и дека многу добро би живееле без Фејсбук. Дигиталните џинови мора да разберат дека европскиот континент ќе се спротивстави и ќе ја потврди својата сувереност,“ дополнил на истата прес-конференција во Париз францускиот министер за финансии, Бруно ле Мер.
Министрите на Франција и Германија одговараа на коментарите дадени при објавувањето на годишниот финансиски извештај на Мета, во кој беше порачано дека ако на компанијата не и биде дозволено да располага со корисничките податоци како што тоа било до сега, тогаш таа „најверојатно нема да може да понуди најголем дел од нашите најважни производи и сервиси, вклучително Фејсбук и Инстаграм, во Европа.“
Додека германскиот министер објаснувал дека ЕУ има доволно голем внатрешен пазар за да не биде застрашена од ваква закана, францускиот министер надополнил со сите мерки што Унијата ги преземала за санкционирање на технолошките гиганти, вклучително правила приватност, даноци и блокирање на развојот на дигитални валути.