Исламската држава создава виртуелен калифат кој треба да го преживее губењето на нивните упоришта во Ирак и Сирија, предупреди шефот на анти-терористичкиот оддел на Европската Унија.
Жил де Керчов рече дека на на интернет секојдневно и многу активно циркулираат десетици илјади веб сајтови кои се под контрола и уредувачка палка на Исис. Од своја страна, ЕУ за нивно пронаоѓање и пријавување има оддел од 20 специјалисти. Досега имаат пријавено околу 30.000 сајтови
Керчов смета дека дополнително треба да се инвестира во контра-тероризмот а и во едукација за препознавање на радикализмот.
„Имавме многу примери кога ни браќа, ни родители, ни никој од блиските реално не биле свесни дека некој нивен тргнал по патот на терористичкиот џихад“, вели тој.
Исис и досега се покажа како доста вешт играч на интернет кој на разни начини го користеше за ширење на својата пропаганда и регрутација на нови членови. Имаат дури и своја новинска агенција, Амак, која ги пренесува настаните од светот видени преку нивната идеологија а имаа и неколкумина ефикасни портпароли кои главно завршија убиени.