Планот го објави владејачката партија, која работи на развивање на тимот од 6.000 лица кои треба да помогнат во формирање на јавното мислење преку социјалните медиуми. Главниот фокус е на Твитер и Фејсбук, а делумно ќе ги има и на Инстаграм и ЈуТјуб.
Во партијата на Ердоган ова го викаат "развивање на позитивен политички јазик кој ќе го учат нашите волонтери" и дека "кога противничкиот камп ќе рашири дезинформации за партијата, ние го коригираме со валидна информација, секогаш користејќи позитивен јазик."
Во мај и јуни годинава владејачката партија беше фатена комплетно неспремна околу тоа како демонстрантите успеваат да се организираат преку Твитер околу паркот Гези. Во тоа време, Турција уапси најмалку 29 лица за твитање "лажни информации" или "пропаганда."