GIF-от е пред умирање?

И покрај тоа што беше избран за "збор на годината," ГИФ форматот никогаш во историјата не бил помалку популарен од денес.

"Како и многу други реликвии од 80-те, тој (ГИФ) никогаш не бил повеќе во тренд отколку денес," порачаа директорот на Американскиот Оксфорд Речник, при прогласувањето на зборот на годината.

Иако форматот доживува постојана ренесанса од 2010-та, според HTTP Archive на ГИФ денес отпаѓаат само 29% од сите фотографии на интернет. Пред две години ова беше 41%.

За ова, постои сосема логично објаснување кое нема никаква врска со феноменалните бескрајни анимации кои станаа дел од веб културата.

Проблемот е што ГИФ е катастрофален формат за слики - боите не му се чисти, фајловите можат да бидат огромни и создаден е во 1987-ма. И покрај сето ова ГИФ-от беше избор на формат за статични фотографии (мени на сајт, лого, позадина) на најголемиот број сајтови.

Со тек на време се појави ПНГ форматот кој е далеку подобар, пофлексибилен и има подобар квалитет на фотографии. Тој комплетно го замени ГИФ-от во сите негови функции на сајтовите (освен во правењето бескрајни анимации). Токму, ПНГ му одзема 10% од интернет присуството на ГИФ, и наскоро се очекува да го помине и да стане број 2 формат на нет.

Падот на ГИФ нема да биде бесконечен, тој ќе заврши кога сите сајтови ќе решат да ги завршат своите ре-дизајни и наместо ГИФ во новите верзии ќе стават ПНГ (новите сајтови речиси по дифолт го користат поновиот формат). По ова, ГИФ ќе остане исклучиво за анимации.

И натаму број еден формат останува ЈПЕГ, кој има 44% од сите фотографии на интернет.

 

17 ноември 2012 - 14:09